Војќех Јагелски
Image-Description

Војќех Јагелски

Војќех Јагелски (1960) – политиколог специјализиран за Африка, автор на многу ценети репортажни книги и еден од најценетите полски странски известувачи, започнал во 1980-тите како дописник на полската прес-служба. Долги години соработувал со весникот „Gazeta Wyborcza“, моментално пишува за „Tygodnik Powszechny“, но и за BBC или „Le Monde“. Како новинар, тој патувал во Советскиот Сојуз, Грузија, Ерменија и Азербејџан и во разни африкански држави.  Заедно со извонредниот фотограф Кшиштоф Милер, тие формирале новинарски тандем, патувајќи долги години во областите на вооружени конфликти. Добитник е на многу награди, вклучително и на наградата„ Tischner“, наградата „Rzeczpospolita“, на награди на ПЕН клубот и од Здружението на полски новинари и наградата за студентско новинарство „MediaTory“. Номиниран е за наградата „Ришард Капушќински“ и за наградите „NIKE“. Во 2014 година бил одликуван со крст на Витез од редот „Polonia Restituta“. Автор е на репортажни книги како што се: „Молитва за дожд“, „Камени кули“, „Ноќни шетачи“, „Горење на тревата“ и „Сите војни на Лара“.