Ана Цима
Image-Description

Ана Цима

Ана Цима (1991) е чешка јапонистка, преведувачка и писателка. Во моментот во својот сопруг Игор Цима, јапонист, живее во Јапонија и ја проучува повоената јапонска литература. Покрај студиите, преведува дела на јапонски автори на чешки јазик, но се занимава и со цртање и со музика. Вниманието на јавноста го привлекла уште со својот прв роман Ќе се разбудам на Шибуја, кој во 2019 г. добил неколку награди како Магнезија литера за откритие на годината, наградата Чешка книга и наградата за млад автор Јиржи Ортен. Романот е делумно инспириран од животот на авторката, но не се работи за автобиографско дело, туку повеќе е пример за магичниот реализам кој е типичен токму за јапонската литература.