МАПАТА НА АНА

239 ден 167 ден

Збирката раскази Мапата на Ана содржи десет текстови што заемно се преплетуваат. Нивните јунаци се појавуваат и исчезнуваат, ги гледаме од различни перспективи со очите на другите ликови.

Збирката раскази Мапата на Ана содржи десет текстови што заемно се преплетуваат. Нивните јунаци се појавуваат и исчезнуваат, ги гледаме од различни перспективи со очите на другите ликови. Објект на вниманието на авторот се врските: опасни, уништени, изгорени, застојани. Темата на расказите се љубовни, љубовнички, семејни, но поинтимни и по директни. Во моќните текстови можеме да видиме врски што некогаш биле убави, но веќе не се, нешто во нив се скршило или пак уште на почетокот не биле успешни, но актерите за тоа немале претстава. Последната ноќ, последното дејство. Опасни врски во директен пренос.

 

Извадок: 

Не срами се, Ана, во тебе е целиот свет, целата вселена, во секој милиметар на твојата кожа е бесконечноста – ја бакнав на бесконечно – Ана, љубов моја, раскажувај ми за себе, ќе напишам книга за тебе (Ана од смеење се фаќа за масата, се наведнува и рони солзи), ветувам, ти нема да ми веруваш, но јас сум писател, приказните ми се одвратни, толку многу ги има и скоро сите се исти, но не и твојата, твојата приказна, всушност, не е, не постои, твојата приказна е дека копнееш по некоја приказна, по романтика, страст, копнееш да се ослободиш од синџирите, само што, проблемот е во тоа што нема никакви синџири, романтиката е стара и смешна, сите приказни се искористени, истрошени од машината, а ти не сакаш да купуваш во тој хаос што мириса на нафталин, каде што стереотипот се прогонува. 

ИСБН: 978-608-66375-0-7
Категорија:
Автор

Број на страни

126

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач