Петр Станчик
Петр Станчик
Поет, романсиер, драматург и есеист, Петр Одило Страдички – Станчик од Стрдице (со вистинско име Петр Станчик) е роден на 9 јуни 1968 година во Р. Чешка. Mатурирал во Храдец Кралове, а студирал на Педагошкиот факултет, како и режија на ДАМУ во Прага, каде што студиите предвреме ги напуштил. До 1989 година работел тешки физички работи, а потоа како учител, телевизиски режисер и текстописец за реклами, а од 2016 сосема ѝ се посветува на книжевноста – како слободен писател. Живее во Прага.
Автор е на повеќе романи, како и добитник на престижната книжевна награда „Магнезија литера“ за романот „Мелница на мумии“ (2014), додека романот „Ангелско јајце“ (2017) е избран за книга на годината во анкетата на „Лидове новини“. Автор е и на четири стихозбирки, седум книги за деца, како и на неколку радиодрами изведени на Чешкото радио.