Јасминка Делова-Силјанова
Јасминка Делова-Силјанова е професор по чешки јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На Катедрата за славистика предава Чешка граматика и Чешка литература и Превод. Учествувала и во подготовката на чешко-македонскиот речник, а од чешки на македонски ги има преведено следниве автори: Б. Њемцова, Ј. Каталпа, М. Вивег, П. Соукупова, Ј. Хајичек, М. Шинделка, А. Болава, П. Оуржедник, Д. Фишерова и др.
Лидија Танушевска
Лидија Танушевска е редовен професор на катедрата за Славистика при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Предава Полска литература и Теорија и практика на преведување. Пишува научни трудови од областа на транслаториката и е автор на преводи на петнаесетина дела од полската книжевност. Во 2015 г. ја доби полската награда за превод „Ришард Капушќињски“ за „Империјата“ од Ришард Капушќињски, а е и двократен добитник на „Златно перо“ за превод – во 2008 г. за романот „Правек и другите времиња“ од Олга Токарчук и во 2012 г. за збирките раскази „Продавниците со боја на цимет“ и „Санаториумот во знакот на клепсидрата“ од Бруно Шулц. Покрај овие автори ги има преведувано и Густав Херлинг-Груѓињски, Хенрик Шенкевич, Зигмунт Милошевски, Ципријан Норвид, Стефан Грабињски и др.
Даниела Роус-Мишевска
Даниела Роус-Мишевска дипломирала на Филолошкиот
факултет „Блаже Конески“ во Скопје на студиската група
Македонски јазик со чешки јазик и книжевност. Активно
преведува книжевни дела од чешки на македонски јазик и
досега ги има преведено Прашај го тато од Јан Балабан,
Замор на материјалот и Останете со нас од Марек Шинделка, Теорија на чудноста од Павла Хоракова и др.
Донка Роус
(1942) дипломирала и магистрирала во Прага. Докторирала на Филолошкиот факултет
„Блаже Конески“, каде што и го поминала својот работен стаж, почнувајќи од
стажант-асистент, сè до редовен професор до пензионирањето. Во 2010 г. ја
добива и специјалната награда Gratias Agit од Владата на Р. Чешка за афирмација
на чешката литература и култура. Активна преведувачка е од чешки јазик и досега
има преведено многу важни книжевни дела на македонски јазик од голем број чешки
автори како К. Чапек, Б. Храбал, Б. Њемцова, К. Х. Маха, Ј. Балабан, П.
Станчик, Ј. Топол, М. Вивег, К.Тучкова и многу други.
Донка Роус
