-
Македонска зоонимска фразеологија во словенски контекст
800 денОвој труд е резултат на повеќегодишниот интерес на Велјановска и Мирчевска-Бошева насочен кон темата на зоонимите како составна компонента во фразеолошките единици, тема која досега не е подетално обработена во македонскиот јазик. Оваа монографија содржи теоретски разработки на одделни сегменти од зоонимската фразеологија.
-
Предизвици и перспективи на деловните модели на банките
1,000 денВо услови на значајна промена на финансиските пазари и опкружувањето, анализата на деловните модели на банките претставува битна алатка за подо-бро разбирање на ризиците на кои се изложени банките во нивното работење. Определувањето на деловните линии и активности, како и на деловните цели претставува појдовна премиса, а компетентноста и успешноста при раково-дењето со банките може да биде фактор кој ќе генерира компаративна предност. Според тоа, ова подрачје заслужува посебно внимание, со што се наметна како главен мотив за проучување на оваа проблематика во рамки на мојата докторска дисертација.
-
Топономастички студии за Кичевскиот регион
800 денМонографијата претставува резултат на повеќегодишна истражувачка работа посветена на топонимиското наследство на Кичево и Кичевско и ќе придонесе за подлабоко разбирање на комплексните слоеви на топонимијата и на културно-историското наследство на овој регион, а со тоа и за промоција и зачувување на неговата културна меморија.



