Јарослав Рудиш
Јарослав Рудиш
Јарослав Рудиш (1972) е писател, автор на филмски сценарија, на театарски и радио драми. Напишал четири романи Небото над Берлин, Грандхотел, Потивко и Крајот на панкот во Хелсинки и две новели Народна авенија и Чешки рај. Неговите книги се преведени на многу јазици и за своите книги добил неколку награди меѓу кои и престижната германска Награда на книжевните друштва. Со уметникот Јаромир 99 го подготвил и култниот стрип Алојз Небел и ја основал музичката група Кафка Бенд. Живее во Чешка и во Германија и пишува на чешки и на германски.