Витолд Шабловски (1980) е полски репортер и сценарист. Неговите книги се објавени на четири континенти. Дипломирал на Катедрата за новинарство и политички науки на Универзитетот во Варшава. Дополнително, студирал политички науки во Истанбул. Неговата збирката репортажи за Турција со наслов „Убиецот од градот на кајсиите“ (2010) се смета за една од најважните книги објавени во САД во 2013 година. Неговата книга „Танцувачките мечки“ американските критичари ја нарекле скапоцен камен, а Шабловски мајстор за раскажување приказни. Делото „Како да се нахрани диктатор“ (W.A.B. 2019) било објавено од најголемиот светски издавач – Penguin Random House. Правата на серијата според ова дело се продадени на Холивуд. Книгата ја добила и престижната награда Gourmand World Cookbook за најдобри кулинарски наслови во светот. Лауреат е на повеќе престижни награди. Во моментов, тој е еден од напреведуваните полски автори.