Лидмила Кабртова
Лидмила Кабртова
Лидмила Кабртова
Лидмила Кабртова (1971) – дипломирала новинарство на Факултетот на социјални науки при Карловиот универзитет во Прага, а потоа дипломирала и на групата маркетиннг комуникација на Универзитетот на Томаш Бата во Злин. Неколку години работела како новинар, потоа се насочила на областа односи со јавноста, кадешто работи повеќе од дваесет години. Авторка е на радиодрамата за деца Сивко, за чие сценарио добила награда од Чешкото радио, а напишала и неколку драми во рамките на проектот на Чешкото радио В’лтава (Чешко радио – Трета програма) – Кратки драми. Првото книжевно дело претставува експериментална проза со наслов Кого ќе испијат лисиците, кое е објавено во 2013 г. Во 2018 година ја објавила зборката раскази Места во темнината за која ја добила главната награда од Фондацијата Чешки книжевен фонд.