Љубе Јолевски

Љубе Јолевски
Љубе Јолевски е роден во 1992 година во Скопје. Дипломирал во 2015 година на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ на департманот по Финансиски менаџмент. Магистрирал на истиот факултет, на студиумот по Монетарна економија, финансии и банкарство, во 2017 година со просечен успех 10. Научниот степен доктор по економски науки го стекнува на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2022 година со одбрана на својата докторска дисертација на тема од областа на банкарството и финансиите.
Своето работно искуство го започнува во 2016 година во НЛБ Банка АД Скопје, во Секторот за логистика на продажба, а потоа во Секторот за управу-вање со ризици. Во 2022 година продолжува во Халк Банка АД Скопје во Дирек-цијата за управување со ризици.
Има посетувано повеќе семинари и обуки од областа на финансиите и банкарството. Автор е на повеќе трудови во меѓународни научно-истражувачки списанија и има реализирано поголем број учества на научни конференции. Добитник е на наградата за најдобар труд на конференцијата ,,Contemporary issues in economics and technology – CIET“ во организација на Универзитетот “Florida Universitaria” во Валенсија, Шпанија во 2022 година.
Негови области на експертиза се банкарскиот менаџмент, банкарството, макроекономијата и монетарната политика.