Image-Description

Лидмила Кабртова

Лидмила Кабртова

Лидмила Кабртова (1971) – дипломирала новинарство на Факултетот на социјални науки при Карловиот универзитет во Прага, а потоа дипломирала и на групата маркетиннг комуникација на Универзитетот на Томаш Бата во Злин. Неколку години работела како новинар, потоа се насочила на областа односи со јавноста, кадешто работи повеќе од дваесет години. Авторка е на радиодрамата за деца Сивко, за чие сценарио добила награда од Чешкото радио, а напишала и неколку драми во рамките на проектот на Чешкото радио В’лтава (Чешко радио – Трета  програма) – Кратки драми.  Првото книжевно дело претставува експериментална проза со наслов Кого ќе испијат лисиците, кое е објавено во 2013 г. Во 2018 година ја објавила зборката раскази Места во темнината за која ја добила главната награда од Фондацијата Чешки  книжевен фонд.

  • ПРЕД ДА ПУКНЕ

    Романот составен од приказни е хроника за разминувањата кои се одвиваат во тек на седумдесет години. Книгата во концентрирана форма проучува како, навидум, сосема неважни одлуки на некои луѓе влијаат врз животите на другите луѓе и како сосема незначајна случка може да погоди некого, за кого не можеме ни да претпоставиме. Секој од главните ликови раскажува од сопствена перспектива и секој од нив се труди да ја најде смислата на сопствениот живот.

    398 ден 279 ден