Љубе Јолевски е роден во 1992 година во Скопје. Дипломирал во 2015 година на Економскиот факултет – Скопје, при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ на департманот по Финансиски менаџмент. Магистрирал на истиот факултет, на студиумот по Монетарна економија, финансии и банкарство, во 2017 година со просечен успех 10. Научниот степен доктор по економски науки го стекнува на Економскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 2022 година со одбрана на својата докторска дисертација на тема од областа на банкарството и финансиите. Своето работно искуство го започнува во 2016 година во НЛБ Банка АД Скопје, во Секторот за логистика на продажба, а потоа во Секторот за управу-вање со ризици. Во 2022 година продолжува во Халк Банка АД Скопје во Дирек-цијата за управување со ризици. Има посетувано повеќе семинари и обуки од областа на финансиите и банкарството. Автор е на повеќе трудови во меѓународни научно-истражувачки списанија и има реализирано поголем број учества на научни конференции. Добитник е на наградата за најдобар труд на конференцијата ,,Contemporary issues in economics and technology – CIET“ во организација на Универзитетот “Florida Universitaria” во Валенсија, Шпанија во 2022 година. Негови области на експертиза се банкарскиот менаџмент, банкарството, макроекономијата и монетарната политика.
Во услови на значајна промена на финансиските пазари и опкружувањето, анализата на деловните модели на банките претставува битна алатка за подо-бро разбирање на ризиците на кои се изложени банките во нивното работење. Определувањето на деловните линии и активности, како и на деловните цели претставува појдовна премиса, а компетентноста и успешноста при раково-дењето со банките може да биде фактор кој ќе генерира компаративна предност. Според тоа, ова подрачје заслужува посебно внимание, со што се наметна како главен мотив за проучување на оваа проблематика во рамки на мојата докторска дисертација.
На нашиот сајт користиме колачиња (cookies) за да ви овозможиме подобро корисничко искуство. Со клик на „Прифати ги сите колачиња“ вие се согласувате да ги користите СИТЕ колачиња. Доколку сакате можете да одберете кои колачиња ќе ги прифатите со клик на „Поставки за колачиња“.
За да ги овозможиме основните функции на работењето на нашата веб-продавница, slavikalibris.mk, како зачувување на производи во кошничката, избор на јазик, и др. користиме неопходни колачиња (necessary cookies). Без овие колачиња веб страницата не може да работи исправно.
Исто така, за да добиеме Ваша согласност (податок за прифаќање/ неприфаќање) на политиката за користење на колачињата, користиме неопходни колачиња.
Претпочитаните колачиња (Preference cookies) познати и како функционални колачиња (functionality cookies), овозможуваат веб-страницата да ги памети изборите што сте ги направиле со претходните посети на веб-страницата, како на пример, кој јазик го претпочитате или кои се вашите корисничко име и лозинка за да можете автоматски да се најавите и др. Овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашата веб страница.