ЈО537

298 ден

Јозеф е сосема обично момче. Живее во обична зграда и секој ден се вози со обично метро до обично училиште. Веројатно така би требало да почне описот на приказната за Јозеф, но дали постои обичен живот?

Јозеф е сосема обично момче. Живее во обична зграда и секој ден се вози со обично метро до обично училиште. Веројатно така би требало да почне описот на приказната за Јозеф, но дали постои обичен живот? Секоја обична работа во секој миг може да се преобрати: доволно е човек да забележува сè, а Јозеф е таков. На неговата секојдневна траса станот-метрото-училиштето почнуваат да се случуваат мошне чудни работи, а Јозеф полека, но сигурно се вплеткува во мистериозна авантура чии главни јунаци се и дедо му кого го удрил автомобил, едно заталкано куче и работници на градилиште. И се чини дека во сето тоа е замешана и една компјутерска игра…

Извадок: 

„Сонував дека возам голем камион, управувам со воланот и возам низ улиците, а гледам на сè од високо и малку се плашам да не се превртам и сосе камионот на едната или на другата страна. Камионот беше така некако нестабилен, како тркалата да му беа олабавени. А исто така се плашев, како ќе се протнам помеѓу трамвајот и тротоарот, се плашев како да е возилото некако пошироко отколку што обично бидува. Но возев добро, убаво се протнав, иако имав само околу пет сантиметри од секоја страна, но возев перфектно. Потоа сопрев пред куќата на дедо…“

 

ИСБН: 978-608-66375-2-1
Категорија:
Автор

Број на страни

95

Димензии

130×240 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач