НАЈЛОШИТЕ СТРАВОВИ

385 ден

Детективката Марија Бувова по своето заминување од полицијата ја прифаќа понудата на Универзитетот во Оломоуц да предава Практична криминологија. Но, ниту мирната академска работа не може да ја оттргне од контактот со криминалот; таа заедно со своите поранешни колеги води нова истрага. 

Ова дело е составено од три подолги раскази каде дознаваме за опасностите што ја демнат Марија Бувова во напорот да реши замрсени случаи. 

Извадок: 

„Професорке“, слушна глас на една девојка. Ја подигна главата и ги симна очилата за читање. Блонд боб-фризура, насмеано тркалезно лице, на еден од предните горни заби веќе четиринаесетина дена без два милиметри од забот. Марија се присети дека пред околу две недели оваа студентка, украсена со фластери на брадата и над левата веѓа, им раскажуваше на колегите дека „се искршила на велосипед“ и речиси си ги избила забите. Сега таа преку едно рамо имаше ранец и на него закачена изгребана црвено-жолта велосипедска кацига. Со десната рака на градите стискаше сива картонска папка. Луцие Буријанова. Марија се обидуваше да ги запомни имињата на студентите. Го сметаше тоа како одраз на  професионалност и човечки пристап.

ИСБН: 978-608-4986-01-0
Категорија:
Автор

Број на страни

250

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач

,