Image-Description

Патрик Оуржедник

Патрик Оуржедник (1957) е роден во Прага, но од 1985 г. живее во Париз. Пишува проза, поезија, се занимава и со лингвистика, книжевна наука, превод и мистификација. Во Прага студирал актерска игра и театарска режија, во Франција работел и како учител за шах и библиотекар, го иницирал основањето на Слободниот универзитет во Нуалагет, кадешто и предава од 1995 г. Добитник е на повеќе чешки и француски книжевни награди меѓу кои Државна награда за литература (2014) и Наградата Том Стопард (2013). Некои од неговите дела се Шмирбух на чешкиот јазик, Еуропеана, Пригоден миг, 1855, Ад акта и др. Покрај авторските книги, активно преведува од француски на чешки и од чешки на француски и се занимава со есеистика.