КРАЈОТ НА СВЕТОТ НАВОДНО НЕ СЕ СЛУЧИЛ

398 ден 239 ден

Оуржедник проникнува во слабата конструкција на нашето време и енергично ги одвртува завртките. Во 111 поглавја на читателите им нуди прошетка по една цивилизација.

„Како во сите свои книги, и во Крајот на светот авторот игра рафинирана партија со своите читатели, партија која во никој случај не е добиена однапред, затоа што се обложува на интелигенцијаta на читателот, а истовремено ја открива неинтелигенцијата на времето – што значи, на секого од нас.“ – пишува Жак Монтено во поговорот на книгата на Патрик Оуржедник. И додава: „ Да се патува во светот на Оуржедник секогаш е стимулативно, а читателот на крајот ќе сфати – а што друго да се бара од литературата? -, дека оној фиктивен свет, затворен во оклоп на својата глупост кој паѓа во пермаментна имплозија сам во себе, е сличен на тој нашиот…“

Оуржедник проникнува во слабата конструкција на нашето време и енергично ги одвртува завртките. Во 111 поглавја на читателите им нуди прошетка по една цивилизација.

Извадок

Иднината веќе не е она што била порано. Сигурно сте го забележале тоа – иднината веќе не е она што беше.

Во минатото, иднината се случувала горе-долу според три примери:

[1] Светот исчезнал и сè почнувало одново, пак и повторно: песимистичка верзија на поголемиот дел од религиозните концепти.

[2] Светот исчезнал во крвава бања и бил заменет со друг свет, со свет на блаженство; оптимистичка верзија на некои вероисповести.

[3] Светот никако да исчезне, а блаженството во него ферментирало и нараснувало дури до крајот на бескрајно обновувачки времиња: хипотеза на градителите на краевите на историјата.

ИСБН: 978-608-66375-6-9
Категорија:
Автор

Број на страни

158

Димензии

140×205 mm

Жанр

,

Издание

Корица

Мека

Преведувач