-
НОВ ЖИВОТ. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција
459 денДионисиос Стурис во својата книга им оддава почест на бегалците од Грчката граѓанска војна во 1948 г. преку сведоштвата на Грците и на Македонците од Егејска Македонија, но и преку сопствените истражувања на таа тема.
-
ПРЕД ДА ПУКНЕ
398 денРоманот составен од приказни е хроника за разминувањата кои се одвиваат во тек на седумдесет години. Книгата во концентрирана форма проучува како, навидум, сосема неважни одлуки на некои луѓе влијаат врз животите на другите луѓе и како сосема незначајна случка може да погоди некого, за кого не можеме ни да претпоставиме. Секој од главните ликови раскажува од сопствена перспектива и секој од нив се труди да ја најде смислата на сопствениот живот.
-
СЛУЧАЈОТ ЗА ЕГЗОРЦИСТОТ
429 денНово продолжение од серијалот „Детективите од најсветата Троица“ од авторот Михал Сикора. Серијалот го поврзува инспекторката Марија Бувова која со својот тим решава најразлични ситуации и убиства.



