Чешки роман за јапонскиот сон
Кога седумнаесетгодишната Јана доаѓа во сонуваното Токио, посакува тука да остане засекогаш. Брзо се уверува во недогледните последици од таквата желба. Ќе се најде, всушност, затворена во магичен круг во бучниот кварт Шибуја.
Додека помладиот лик на Јана талка низ градот, доживува чудни ситуации и бара пат за дома, дваесетичетиригодишната Јана во Прага студира јапонистика, се труди да добие стипендија за Токио и заедно со постариот колега се труди да преведе јапонски расказ. Судбината на неговиот автор, до неодамна заборавен писател, Кавашита, во развојот на настаните ќе има поголемо влијание, отколку што би очекувале и двете Јани…
Читлив и напишан на свеж разговорен јазик, романот-првенче на младата јапонистка е посветен на барањето пат кон различната култура, за нееднозначноста на реалниот свет и за деликатноста на исполнетиот сон.
Извадок:
Луѓето кога дознаваат дека студирам јапонски, повеќето реагираат позитивно. Само не знаат сосема што со тоа, за што служи такво студирање. Кога некој студира економија или право, тоа го признаваат, бидејќи тоа им изгледа полезно и применливо во обичниот живот. Но што прави јапонист а за што е, тоа не можат да го сфатат. Студиите по јапонски јазик и јапонска култура ги сфаќаат ужасно непрактични. Обично ме прашуваат а зашто ќе ти служи ова? Очајнички мечтаат по објаснувањето, што еден таков јапонист всушност работи.
Кога ќе одговорам дека сакам да преведувам, ги поткреваат рамениците и си помислуваат, е девојче тоа нема да те прехрани. Кога ќе им речам дека ќе бидам толкувач во амбасада, одеднаш прозборуваат, каква перспективна специјалност сум избрала. Сосема магично на нив делува терминот културен амбасадор, или дипломатија или Чешки центар во Токио.