НЕШТАТА ЗА КОИ ДОЈДЕ ВРЕМЕ

438 ден 307 ден

Животот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме. 

Животот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме. 

Алице и Рихард, седумнаесет години заеднички живот, две деца, Каја и Лола. Каја има тринаесет години и родителите почнуваат да го нервираат, Лола ќе има единаесет и најмногу од сè сака да има куче. Никому не му се случува нешто посебно, стереотипот длабоко им се всадил во секојдневието. Веројатно тоа не е среќа, но може и така да се живее. Сè до мигот кога ќе се појави некој нов. А, со него и чувството дека она до сега не било љубов. Но, семејство се и она што ќе му се случи на еден од нив, тоа влијае и врз останатите. А, Каја и Лола одеднаш треба да се справуваат со нешта кои децата никогаш не сакаат да им се случат. 

Дали вреди да се зачува ова семејство? 

 

ИЗВАДОК: 

Алице врти со главата. Дури сега Рихард забележува дека масата е свечено поставена, дури и свеќи се запалени (зошто на ова топло, зошто?) и чаши за вино и салфети. Рихард за кратко ќе го зафати паника, нешто прославува, нешто прославува, а тој не знае што, боже, заборавил нешто, не, не роденденот на Алице, ниту годишнина не, таа им е некаде наесен, па, што се случува? 

„Што се случува?“

„Сакав со тебе да си направам убава вечер. “

„Да? Само онака?“

Алице се насмевнува, Рихард не може да одгатне дали е таинствено или тажно или што значи таа насмевка. 

Направив салата со рукола и со ореви и ќе направам стекови. Го купив и она бело вино од минатиот пат, а ти рече дека е одлично.

ИСБН: 978-608-66375-9-0
Категорија:
Автор

Број на страни

329

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач