РУСИЈА ОД СТРАНА НА КУЈНАТА. Како да се изгради империја со нож, црпалка и виљушка

499 ден

„Русија од страна на кујната“ е книжевна репортажа, во која авторот, Витолд Шабловски, во потрага по рецептите од руската кујна, ја прикажува руската историја од времето на царското семејство Романови до владеењето на Владимир Путин.

„Русија од страна на кујната“ е книжевна репортажа, во која авторот, Витолд Шабловски, во потрага по рецептите од руската кујна, ја прикажува руската историја од времето на царското семејство Романови до владеењето на Владимир Путин. Ја „лови“ приказната од личните готвачи на царот Николај II, Ленин, Сталин итн., од готвачките во училиштата за време на „гладоморот“ во Украина, од пекарите во опколениот Ленинград, од кримските Татари, подоготвувачи на улична храна.
Од оваа книга ќе дознаете што јадел царот, но и како се снаоѓале за храна изгладнетите војници на Црвената армија; што се јадело во атомската централа „Чернобил“ по хаваријата, но и што јадел Јуриј Гагарин во вселената; како изгледала последната вечера, на која се направил договорот за растурање на Советскиот сојуз, но и каков готвач бил дедото на претседателот Путин. И уште многу други работи што не сте ги знаеле за Русија.
Притоа, може и да зготвите некое јадење од рецептите во книгата, како на пример: пељмени, блини, плов, но и некои егзотични јадења, а од некои од рецептите (внимавајте!) може и да ви се слоши.

Извадок:
Ме научи дека готвачот секогаш мора да оди на работа во добро расположение. Не смее да биде под стрес, не смее да се нервира и за ништо на светот не смее да се вади од рамнотежа – иако, кога работиш во влада, тоа не е лесно. „Изнервиран готвач е еднаков на лошо јадење“, велеше Виталиј Алексеевич и многу беше во право. Раскажуваше како Сталин совршено тоа го сфаќал и можел да се изживува на разни луѓе од своето опкружување и од персоналот – но не и на готвачот. Знаел дека од расположението на готвачот зависи неговото здравје и неговата самодоверба.
Нема да заборавам кога еден ден требаше да направиме тесто со квасец и јас почнав да се жалам.
– Никогаш ова тесто не ми излегува – реков. – Нема да ми успее, повторно ќе го изарчам времето и ништо од тоа нема да биде.
– А да пееш, знаеш? – праша неочекувано Виталиј.
– Да пеам? Па, каква врска има тоа? – прашав, изваден од колосек.
– Е, има, квасецот е жив организам и тој совршено го чувствува твоето расположение. Ако си нервозен, тој тоа ќе го почувствува и ќе спласне. Има само еден начин да го излажеш. Мора да му пееш.

ИСБН: 978-608-4986-08-9
Категорија:
Број на страни

310

Автор

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач