Да се добие дете понекогаш е долгоочекуван или неостварен сон. Дали медицината го нарушува природниот поредок или само им помага на луѓето да ја постигнат својата цел? Дали мајките што се решаваат на непознат донатор мислат на тоа дека детето некогаш може да го побара својот татко? Дали е донаторот татко? Дали секој може да биде донатор на сперма? Дали донираниот генетски материјал му дава право да ги побара своите „деца“? Колку деца може да има еден донатор? Дали децата од донатор имаат право да ги знаат своите биолошки корени? Дали се среќни децата од донатори? Дали се среќни нивните „родители“? Сите овие и уште многу други прашања и теми за размислување ги отвора авторот на оваа книжевна репортажа од Холандија, која отсликува факти, реални личности и вистински настани, афери и скандали поврзани со процесот на вештачкото оплодување.
Извадок:
Во писмото кое го добивме од него пред една недела напишал дека бил донатор дваесет години и доколку добро избројал, во цела Холандија тој има двесте деца. Прашав, не мисли ли дека тоа било небезбедно. – Не гледам опасност – одговори. – Тоа беше мојот најголем сон: да имам многу деца. Да имам најмногу од сите. Да бидам подобар од другите мажи.