Оваа монографија претставува избор на текстови посветени на проучувањето на топонимијата на една географска област во западниот дел на Македонија – Кичевскиот Регион. Градот Кичево, централната населба во регионот, е сместен во средишниот дел на Кичевската Котлина, која претставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Ваквата географска поставеност, како и богатото културно-историско наследство на регионот, придонеле за создавање разновиден и повеќеслоен топонимиски фонд, во којшто, покрај природните карактеристики на просторот, се одразиле и бројни општествени и културни процеси што се одвивале низ различни историски периоди. Имињата на местата – топонимите – како јазични сведоштва за минатото, често зачувуваат архаични форми и значења, чие толкување не секогаш е едноставно и бара посебен научен пристап и објаснување.
Топономастички студии за Кичевскиот регион
800 ден
Монографијата претставува резултат на повеќегодишна истражувачка работа посветена на топонимиското наследство на Кичево и Кичевско и ќе придонесе за подлабоко разбирање на комплексните слоеви на топонимијата и на културно-историското наследство на овој регион, а со тоа и за промоција и зачувување на неговата културна меморија.
| Автор | |
|---|---|
| Број на страни | 164 |
| Димензии | 230×160 |
| Жанр | |
| Издание | |
| Корица | Мека |



