Предизвици и перспективи на деловните модели на банките

900 ден 585 ден

Во услови на значајна промена на финансиските пазари и опкружувањето, анализата на деловните модели на банките претставува битна алатка за подо-бро разбирање на ризиците на кои се изложени банките во нивното работење. Определувањето на деловните линии и активности, како и на деловните цели претставува појдовна премиса, а компетентноста и успешноста при раково-дењето со банките може да биде фактор кој ќе генерира компаративна предност. Според тоа, ова подрачје заслужува посебно внимание, со што се наметна како главен мотив за проучување на оваа проблематика во рамки на мојата докторска дисертација.

Неспорен е фактот дека банките во земјите од Западен Балкан, вклучително и македонските банки, применуваат традиционално банкарство со доминација на кредитната активност. Во иднина може да се очекуваат значајни промени во деловните модели на банките како резултат на налетот на забрзани промени од дигитализацијата и импресивниот бран финансиски иновации иницирани од финтек-индустријата. Сето ова постепено ги нарушува традиционалните деловни модели на банките. Тоа, ме охрабри дел од дисертацијата да ја прето-чам во книга, која ќе остави печат за периодот кој е истражуван, период не-посредно пред појавата на здравствената криза која го зароби човештвото и го промени начинот на живеење и работење.
Четивото што го држите в раце е наменето за студентите, за банкарите, за секој што сака да ги разбере деловните модели на функционирање на банките. Финансиската технологија, исклучителните драматични и непредвидливи про-мени во опкружувањето и економијата во целина, создаваат понатамошни предизвици и нови ризици во финансискиот сектор. Секако, тие допрва треба да се истражат.

ИСБН: 978-608-4986-06-5
Категорија:
Автор

Број на страни

147

Димензии

250×176

Жанр

Издание

Корица

Мека