ОСТАНЕТЕ СО НАС

239 ден 143 ден

Збирката од осум раскази Останете со нас  на познатиот чешки писател, добитник на наградата Јиржи Ортен, Марек Шинделка, има карактер и вредност на одредена средба. Тоа е средба со некомпромисен текст, што успева да фасцинира и да одврати.

Збирката од осум раскази Останете со нас  на познатиот чешки писател, добитник на наградата Јиржи Ортен, Марек Шинделка, има карактер и вредност на одредена средба. Тоа е средба со некомпромисен текст, што успева да фасцинира и да одврати. Авторот своите ликови ги става во незавидни, апсурдни и трагикомични ситуации, кои не само што самите не ги избрале, туку тие дури не ни размислуваат за можноста да бираат. Во расказот со наслов кој звучи исто како омилениот слоган на тв вестите, доаѓа до израз осаменоста во врската кога партнерите веќе немаат што да си кажат, но устата никако да почне да зборува. Одлично напишани текстови за љубовта, сексот, разочарувањето, беспомошноста. 

Книгата Останете со нас е добитник на книжевната награда Магнезија литера за проза во 2012 година. 

 

Извадок: 

Андреа е типична млада жена меѓу дваесет и пет и триесет и пет, згодна, интелигентна, составена од остатоци од своите претходни врски. Како во торба во себе ги влече оштетените, фалични и секако испревртени навики и страсти на своите бивши љубовници, партнери, пријатели, сопрузи и слично, кои се распаѓаат во прашина и заборав во некои други, во некои нови врски. Ја интересира уметноста, некогаш нешто цртала, живеела со сликар. Ја интересира дизајн, некогаш дизајнирала филџанчиња, или лажички, или бардачиња, или можеби чинивчиња, зашто живеела со дизајнер. Ја интересира литературата, некогаш пишувала поезија, зашто живеела со правник што го изневерувала со поет. И со него малку живеела, само што се покажало дека поетот е неспособен инфантилен глупак, па почнала да се интересира за будизам, источни науки, осветување, патување низ времето и просторот и слично, само што и тоа на крајот не успеало. Потоа, некое време не знаела што да прави со себе, при што се запознала со некојси режисер, или камерман бил, а многу лесно можел да биде и фудбалер, всушност, сеедно е, повторно почнала да јаде месо, ѝ пораснала косата, заврши правен факултет, ме сретна мене. И еве, веќе речиси четири години сме заедно.

А јас? Немам многу што… Типичен млад маж меѓу триесет и … Имам триесет и четири години. Згоден, интелигентен, прегорен егоманијак…

ИСБН: 978-608-66375-1-4
Категорија:
Автор

Број на страни

151

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач

,