Книжевната репортажа Калта послатка од медот на полската авторка Малгожата Рејмер е наречена според патриотските стихови на албанскиот преродбеник Андон Зако Чајупи. Во неа, авторката не се обидува да ја претстави историјата на Албанија и албанскиот народ, туку издвојува приказни на луѓе кои живееле во комунистичка Албанија и ги составува нивните чувства, преживувања и страдања во еден колаж, прикажувајќи што му прави диктатурата на обичниот човек. Прераскажаните сведоштва се трогателни и тажни, а понекогаш и патетични и индоктринирани. Но, на читателот му овозможуваат да влезе и да ѕирне зад запечатената граница и да го почувствува светот што го изградил Енвер Хоџа од другата страна.
Освоени награди: „Пасош на Политика“ во категоријата Литература за 2019 година и наградата „Кошќелиски“ за 2020 година
Извадок:
Луѓето зборуваа: ако си еден, тогаш си безбеден. Ако сте двајца – биди претпазлив. Ако се појави и трет – фаќај џаде. Бидејќи владееше убеденост дека секој четврти му дава информации на Сигурими.
Неколку луѓе – тоа веќе беше толпа, покрај која поминував напрсти.
Екстремноста на системот го вадеше најлошото од луѓето, но и ги принудуваше на необична посветеност. Диктатурата правеше чудовишта и светци од нас. Едни го предаваа човекот со кого делеле кревет, други го ризикуваа животот за да му помогнат на некој туѓинец. Независно од идеологијата, луѓето во себе имаат и милосрдност и свирепост. Никогаш не може да се предвиди која страна од човекот ќе се открие пред тебе.






