Жешко августовско попладне, 1987. Дванаесетгодишната Хана во вила покрај реката сведочи убиство и тврди дека убиецот бил чуден зелен привид. Никој не ѝ верува. 25 години подоцна, инспекторката Марија Бувова го отвора одамна затворениот случај и открива: истрагата била погрешна, осомничени има повеќе, а „семејните духови“ не мируваат.
Кој ја кажува вистината… и што навистина се случило во таа вила?
Извадок:
…На полноќ — бум-бум!
…а при второто бум Магдалена ја фати Ханка за глуждот, а таа — и затоа што се уплаши, и затоа што Магда ја стегна баш таму каде што ѝ беше преврзана ногата — писна. Во тивката, заспaна куќа, крикот одекна како експлозија на атомска бомба. Ханка од страв си ја покри устата со дланката, Зузана брзо ја изгаси ламбата на ноќната масичка, а Магда ја склопи книгата. Девојчињата си го повлекоа јорганот до брадата — две секунди тишина — интензивни две секунди, во кои го задржуваа здивот и ја чувствуваа ноќта и темнината во сите нејзини облици….. А потоа се чу очекуваниот детски плач…









