Дали дефинитивно и категорички мора да го одредиме нашиот национален идентитет – прашува Дионисиос Стурис, кој припаѓа на третото поколение на грчки бегалци од Граѓанската војна во Грција. И самиот со двоен и недоопределен идентитет, им оддава почест на бегалците од Грчката граѓанска војна во 1948 г. преку сведоштвата на Грците и на Македонците од Егејска Македонија, но и преку сопствените истражувања на таа тема. Тие до ден-денес ѝ се благодарни на полската држава и ја чувствуваат како своја, и покрај тоа што биле разделени од семејствата, и покрај строгата дисциплина во детските воспитни центри во кои биле сместени децата бегалци, и покрај носталгијата за татковината во која на Грците со децении не им било дозволено да се вратат, а на Македонците никогаш.
Извадок:
Премиерот Андреас Папандреу, шефот на социјалистичката партија ПАСОК, оној што го гонела хунтата пред многу години, во божиќната порака до народот, емитувана на телевизија, прогласил амнестија за некогашните партизани на ЕЛАС и ДАГ и за нивните семејства…
… Бегалците од македонска националност, според владата во Атина, не биле етнички Грци, па, амнестијата не ги опфаќала нив, освен ако не ги сменат името и презимето во грчки, а со тоа и да се одречат од сопствениот идентитет, историја, сопствените предци. За многумина овој услов сè уште не може да се исполни.