Image-Description

Камил Балук

Камил Балук е роден во 1988 г. во Хановер, Германија, родум е од Вроцлав, а живее во Варшава. Завршил социологија, холандска филологија и новинарство на Вроцлавскиот Универзитет. Дипломирал и на Полската школа на репортажата, која претставува едногодишна обука со предавања на академско ниво, чиј основач и раководител е познатиот полски писател Мариуш Шчигел. Во неа, покрај него, предаваат еминентни имиња од областа на книжевната репортажа, како: Хана Крал, Алиција Капушќињска (сопруга на починатиот Ришард Капушќињски, Агата Тушињска, Миколај Гринберг, Филип Спрингер и др. Балук денес е и еден од предавачите на оваа школа, како и член на управувачкиот одбор. Пишувал репортажи за угледни полски списанија, како „Газета Виборча“ и „Прекрој“. Неговите текстови се неколкукратно номинирани за наградата „Млад талент“ на „Њусвик“. Соосновач е на книжевниот фестивал Мјеѓанка фест. Предавал и на Вроцлавскиот Универзитет. Автор е на неколку книги, а „Сите деца на Луи“ е неговата дебитантска книга.