НАРОДНА АВЕНИЈА

398 ден

Главниот јунак, со прекар Вандам, ја раскажува приказната за своите животни борби – со градот, со блиското минато и со семејните демони. Инспирирана од вистински настани, ова е приказна која ќе ве погоди директно во срцето.

„Клуб на осамени борци“ – најсуровиот поглед на животот од внатрешноста на една урбана џунгла. Главниот јунак, со прекар Вандам, ја раскажува приказната за своите животни борби – со градот, со блиското минато и со семејните демони. Ова е сурова, а во исто време меланхолична новела од едно градско маало, каде што луѓето и зградите ѝ пркосат на природата и на неминовната пропаст.
Инспирирана од вистински настани, ова е приказна која ќе ве погоди директно во срцето.
Спремни ли сте да се соочите со борбите кои не се на ринг, туку во секојдневниот живот?

Меланхолично. Брутално. Вистинито. Новиот Рудиш удира каде што најмногу боли.

Извадок:
Ме викаат Вандам.
Ме викаат така зашо правам двеста склекови, исто
ко Вандам.
Колку склека праиш ти?
Ај, не мора да ми кажеш, ако не сакаш. Не мораш,
ама можеш. Ама треба да знаеш.
Треба да бидеш спремен, брат.
Треба да вежбаш.
И батали ги нив, не ги слушај.
Треба да се слушаш само себе си. Само своите
инстинкти. Не мозокот. Инстинктите.

ИСБН: 978-608-66375-5-2
Категорија:
Автор

Број на страни

120

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач