ПЕТ МРТВИ КУЧИЊА

459 ден

Во новиот криминалистички роман, инспекторката Марија Бувова – „Големата Бувица“ и нејзиниот тим тргнуваат по трагите на маскирана банда што киднапира три мечки од зоолошката градина во Оломоуц. Истовремено, младата полицајка Кристина Хорова наидува на морничава сцена во шумата и влегува во мрачниот свет на илегални борби со кучиња. Двата случаи се испреплетуваат во напната приказна каде што ништо не е како што изгледа – и секоја вистина може да има своја цена.

Достапно по нарачка

Ноќна кражба во зоолошка градина. Еден мртов. Три исчезнати мечки.
Главната инспекторка Марија Бувова – наречена „Големата Бувица“ – започнува истрага без траги и без мотив. Кој би украл живи мечки? И зошто?
Истовремено, младата полицајка Кристина Хорова истражува случај со убиени кучиња закопани во шума, што ја води до нелегални борби со кучиња што ги организира „влијателен локален бизнисмен“.

Два случаи, кои на прв поглед немаат ништо заедничко – сè додека не се спојат во нешто многу поголемо и поопасно.

Книгата е добитник на книжевната награда „Јиржи Марек“ за најдобар детективски роман во Чешка за 2018 година.

Извадок:
Чекањето ги возбуди кучињата, лаењето ги испровоцира останатите. Слаткиот, топол мирис на крв од претходната борба ги заматуваше сетилата и поттикнуваше на борбеност. Арнолд и Трејд желно и нетрпеливо исчекуваа.
Кога дојде време, Олджих Зоубек и Јинджих Влах, двајцата здрави, четириесетгодишници под свежо дејство на адреналин, исто како сите тие кучиња наоколу, ги врзаа ротвајлерите со кратки кожни поводници, ја отворија вратата на дрвената ограда висока околу метар и пол, и влегоа во арената, кружен простор отприлика пет метри во дијаметар. Струготини измешани со песок закрцкаа под ѓонот на спортските обувки.

ИСБН: 978-608-4986-10-2
Категорија:
Автор

Број на страни

344

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач