ЗМЕЈ НА СЕЛСКИОТ ПАТ

449 ден 314 ден

Топла и емотивна приказна за обични луѓе што се борат да ги зачуваат своите спомени, вредности и меѓусебни врски во време на големи промени. Роман што тивко ве допира и потсетува дека надежта често живее во малите, човечки гестови.

Современа драма од селото под притисок на големиот бизнис.

Кристина се враќа од Прага во Нови Лхотец со една проста желба: да си ги среди работите со семејството и конечно да остави нешто зад себе. Таму го наоѓа Томаш, човек што цел живот е врзан за локалното стопанство, осамен, уморен, но тврдоглаво решен да спаси барем нешто: една запуштена зграда на плоштадот, и можеби сопствениот мир.

Меѓу нив се раѓа надеж, па се судираат: град и село, различни навики, различни вистини. А потоа во селото стигнуваат црни автомобили. Млади луѓе во костуми тропаат од врата до врата и нудат пари за акциите на стопанството.

И одеднаш Томаш сфаќа: ова не е само лична приказна. „Змејовите“ на големиот бизнис пристигнуваат, сè се менува, а луѓето остануваат исти.

Извадок:
По пат надолу по скалите, во главата си го повторуваше гласот на Власто и неговата последна реченица пред разделбата: „Човек на мои години сака зад себе да остави нешто.“
Пред зградата на болницата разгледа наоколу и длабоко вдиша. Тука ветерот имаше поголем замав отколку во затворениот двор, опкружен со високи ѕидови. Само така стоеше некое време и се обиде да повика уште еден глас, тој на Кристина. Некој фрагмент од нивниот дијалог. Како во театар.
Кристина: „Ќе излезам на оној малечок селски плоштад и ме стега чувството дека нема излез.“
Томаш: „Но и тука може да се исполни животот.“

ИСБН: 978-608-4986-14-0
Категорија:
Автор

Број на страни

212

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач