ПРЕД ДА ПУКНЕ

398 ден

Романот составен од приказни е хроника за разминувањата кои се одвиваат во тек на седумдесет години. Книгата во концентрирана форма проучува како, навидум, сосема неважни одлуки на некои луѓе влијаат врз животите на другите луѓе и како сосема незначајна случка може да погоди некого, за кого не можеме ни да претпоставиме. Секој од главните ликови раскажува од сопствена перспектива и секој од нив се труди да ја најде смислата на сопствениот живот.

Роман составен од осум приказни за лоши одлуки, несфатеност и надеж

Зузана оди на море за да избрише страшен сон. Јитка се срами од наборите на стомакот и не сака со никого да ја споредуваат. Хана при случајно патување со автомобил ја пронаоѓа својата баба. Павел го наоѓа својот мир додека работи во шумата и повеќе не сака да направи грешка. Ивета ги облекува мртвите и ја крие истетовираната змија. Либор, едноставно, само фотографира… Сите тие припаѓаат еден на друг, на еден начин се семејство, но сепак се разминуваат….

Романот составен од приказни е хроника за разминувањата кои се одвиваат во тек на седумдесет години. Книгата во концентрирана форма проучува како, навидум, сосема неважни одлуки на некои луѓе влијаат врз животите на другите луѓе и како сосема незначајна случка може да погоди некого, за кого не можеме ни да претпоставиме. Секој од главните ликови раскажува од сопствена перспектива и секој од нив се труди да ја најде смислата на сопствениот живот.

 

Извадок:

Драга Јармило,                                                                                                                     3 март 1958 г.

Најпрвин Те молам прости ми дека однапред ништо не ти кажав за тоа што се случи. Прости ми исто така за разгледницата од Германија која ќе ти стигне пред писмово, каде ти пишувам дека сум заминал со друга жена. Не е вистина, тоа тебе и на Павел не би ви го направил никогаш. Но сепак мора да ја испратам. Сега сè уште е на маса пред мене, на неа има слика на Брандербуршката порта, веќе ја напишав и ја пополнив и твојата адреса. Недостасува само уште марка, мора да биде германска. Ќе ја испратам веднаш од првата пошта што ќе ја видам.

ИСБН: 978-608-4986-03-4
Категорија:
Автор

Број на страни

160

Димензии

140×205 mm

Жанр

Издание

Корица

Мека

Преведувач