-
ЕДРИЛИЦА НА ЕТИКЕТИ
Марија, разведена четириесет и седумгодишна доцентка по книжевност, во текот на летото ќе престојува во полупразниот стан на нејзината сестра во Чешки Крумлов. Оттаму патува на село за да се грижи за тешко болните родители и во слободно време талка меѓу толпата туристи низ улиците на Крумлов. За време на тие прошетки се запознава со младиот книжар Филип.
389 ден272 ден -
ЈО537
Јозеф е сосема обично момче. Живее во обична зграда и секој ден се вози со обично метро до обично училиште. Веројатно така би требало да почне описот на приказната за Јозеф, но дали постои обичен живот?
-
МАПАТА НА АНА
Збирката раскази Мапата на Ана содржи десет текстови што заемно се преплетуваат. Нивните јунаци се појавуваат и исчезнуваат, ги гледаме од различни перспективи со очите на другите ликови.
239 ден167 ден -
МОНА
Таа е медицинска сестра, а тој сè уште е скоро дете. Се среќаваат на урнатините на своите животи, на урнатините на стариот свет, на урнатините на една болница, во која продира новиот свет исто како нишките на ползавците од плевелот. Веројатно, подобро нема ни да биде. Но, што ако не е така? Ако сепак биде подобро?
319 ден -
НАЈЛОШИТЕ СТРАВОВИ
Детективката Марија Вирова по своето заминување од полицијата ја прифаќа понудата на Универзитетот во Оломоуц да предава Практична криминологија. Но, ниту мирната академска работа не може да ја оттргне од контактот со криминалот; таа заедно со своите поранешни колеги води нова истрага.
-
НЕШТАТА ЗА КОИ ДОЈДЕ ВРЕМЕ
Животот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме.
438 ден307 ден -
НУЛОРОГ
Инспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на дванаесет изгорени носорожици. Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова.
-
ОСТАНЕТЕ СО НАС
Збирката од осум раскази Останете со нас на познатиот чешки писател, добитник на наградата Јиржи Ортен, Марек Шинделка, има карактер и вредност на одредена средба. Тоа е средба со некомпромисен текст, што успева да фасцинира и да одврати.
-
СИТЕ ДЕЦА НА ЛУИ
Да се добие дете понекогаш е долгоочекуван или неостварен сон. Дали медицината го нарушува природниот поредок или само им помага на луѓето да ја постигнат својата цел? Дали мајките што се решаваат на непознат донатор мислат на тоа дека детето некогаш може да го побара својот татко? Дали е донаторот татко?
-
ЌЕ СЕ РАЗБУДАМ НА ШИБУЈА
Чешки роман за јапонскиот сон
Кога седумнаесетгодишната Јана доаѓа во сонуваното Токио, посакува тука да остане засекогаш. Брзо се уверува во недогледните последици од таквата желба. Ќе се најде, всушност, затворена во магичен круг во бучниот кварт Шибуја.