-
ЕДРИЛИЦА НА ЕТИКЕТИ
Марија, разведена четириесет и седумгодишна доцентка по книжевност, во текот на летото ќе престојува во полупразниот стан на нејзината сестра во Чешки Крумлов. Оттаму патува на село за да се грижи за тешко болните родители и во слободно време талка меѓу толпата туристи низ улиците на Крумлов. За време на тие прошетки се запознава со младиот книжар Филип.
389 ден272 ден -
ЗМЕЈ НА СЕЛСКИОТ ПАТ
Топла и емотивна приказна за обични луѓе што се борат да ги зачуваат своите спомени, вредности и меѓусебни врски во време на големи промени. Роман што тивко ве допира и потсетува дека надежта често живее во малите, човечки гестови.
449 ден314 ден -
ЈО537
Јозеф е сосема обично момче. Живее во обична зграда и секој ден се вози со обично метро до обично училиште. Веројатно така би требало да почне описот на приказната за Јозеф, но дали постои обичен живот?
298 ден209 ден -
КАЛТА ПОСЛАТКА ОД МЕДОТ Гласовите на комунистичка Албанија
Во книжевната репортажа „Калта послатка од медот“, полската авторка Марго (Малгожата) Рејмер нè води зад некогаш запечатените граници на Албанија за време на диктатурата на Енвер Хоџа. Преку вистински приказни и гласови на обични луѓе, таа создава мозаик од сеќавања, болка и човечка издржливост.
520 ден364 ден -
КРАЈОТ НА СВЕТОТ НАВОДНО НЕ СЕ СЛУЧИЛ
Оуржедник проникнува во слабата конструкција на нашето време и енергично ги одвртува завртките. Во 111 поглавја на читателите им нуди прошетка по една цивилизација.
398 ден279 ден -
Македонска зоонимска фразеологија во словенски контекст
Овој труд е резултат на повеќегодишниот интерес на Велјановска и Мирчевска-Бошева насочен кон темата на зоонимите како составна компонента во фразеолошките единици, тема која досега не е подетално обработена во македонскиот јазик. Оваа монографија содржи теоретски разработки на одделни сегменти од зоонимската фразеологија.
800 ден560 ден -
МАПАТА НА АНА
Збирката раскази Мапата на Ана содржи десет текстови што заемно се преплетуваат. Нивните јунаци се појавуваат и исчезнуваат, ги гледаме од различни перспективи со очите на другите ликови.
239 ден167 ден -
МОНА
Таа е медицинска сестра, а тој сè уште е скоро дете. Се среќаваат на урнатините на своите животи, на урнатините на стариот свет, на урнатините на една болница, во која продира новиот свет исто како нишките на ползавците од плевелот. Веројатно, подобро нема ни да биде. Но, што ако не е така? Ако сепак биде подобро?
319 ден223 ден -
НАЈЛОШИТЕ СТРАВОВИ
Детективката Марија Бувова по своето заминување од полицијата ја прифаќа понудата на Универзитетот во Оломоуц да предава Практична криминологија. Но, ниту мирната академска работа не може да ја оттргне од контактот со криминалот; таа заедно со своите поранешни колеги води нова истрага.
385 ден270 ден -
НАРОДНА АВЕНИЈА
Главниот јунак, со прекар Вандам, ја раскажува приказната за своите животни борби – со градот, со блиското минато и со семејните демони. Инспирирана од вистински настани, ова е приказна која ќе ве погоди директно во срцето.
398 ден279 ден -
НЕШТАТА ЗА КОИ ДОЈДЕ ВРЕМЕ
Животот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме.
438 ден307 ден -
НИКОЈ НЕ Е САМ
Нов роман на Петра Соукупова за тишините во семејството, за зборовите што ги премолчуваме и за секојдневието во кое понекогаш се губиме. Искрена и суптилна приказна – огледало на современиот живот и односите што нè обликуваат.
459 ден321 ден -
НОВ ЖИВОТ. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција
Дионисиос Стурис во својата книга им оддава почест на бегалците од Грчката граѓанска војна во 1948 г. преку сведоштвата на Грците и на Македонците од Егејска Македонија, но и преку сопствените истражувања на таа тема.
459 ден321 ден -
НУЛОРОГ
Инспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на дванаесет изгорени носорожици. Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова.
398 ден279 ден -
ОСТАНЕТЕ СО НАС
Збирката од осум раскази Останете со нас на познатиот чешки писател, добитник на наградата Јиржи Ортен, Марек Шинделка, има карактер и вредност на одредена средба. Тоа е средба со некомпромисен текст, што успева да фасцинира и да одврати.
239 ден167 ден -
ПЕТ МРТВИ КУЧИЊА
Во новиот криминалистички роман, инспекторката Марија Бувова – „Големата Бувица“ и нејзиниот тим тргнуваат по трагите на маскирана банда што киднапира три мечки од зоолошката градина во Оломоуц. Истовремено, младата полицајка Кристина Хорова наидува на морничава сцена во шумата и влегува во мрачниот свет на илегални борби со кучиња. Двата случаи се испреплетуваат во напната приказна каде што ништо не е како што изгледа – и секоја вистина може да има своја цена.
459 ден321 ден -
ПРЕД ДА ПУКНЕ
Романот составен од приказни е хроника за разминувањата кои се одвиваат во тек на седумдесет години. Книгата во концентрирана форма проучува како, навидум, сосема неважни одлуки на некои луѓе влијаат врз животите на другите луѓе и како сосема незначајна случка може да погоди некого, за кого не можеме ни да претпоставиме. Секој од главните ликови раскажува од сопствена перспектива и секој од нив се труди да ја најде смислата на сопствениот живот.
398 ден279 ден -
Предизвици и перспективи на деловните модели на банките
Во услови на значајна промена на финансиските пазари и опкружувањето, анализата на деловните модели на банките претставува битна алатка за подо-бро разбирање на ризиците на кои се изложени банките во нивното работење. Определувањето на деловните линии и активности, како и на деловните цели претставува појдовна премиса, а компетентноста и успешноста при раково-дењето со банките може да биде фактор кој ќе генерира компаративна предност. Според тоа, ова подрачје заслужува посебно внимание, со што се наметна како главен мотив за проучување на оваа проблематика во рамки на мојата докторска дисертација.
1,000 ден700 ден -
РУСИЈА ОД СТРАНА НА КУЈНАТА. Како да се изгради империја со нож, црпалка и виљушка
„Русија од страна на кујната“ е книжевна репортажа, во која авторот, Витолд Шабловски, во потрага по рецептите од руската кујна, ја прикажува руската историја од времето на царското семејство Романови до владеењето на Владимир Путин.
499 ден349 ден -
СÈ УШТЕ НЕ Е КРАЈ
Уште едно продолжение од серијата во кое инспекторката Марија Бувова и нејзиниот тим решаваат заплеткани случаи каде што секој одговор отвора нова тајна.
498 ден349 ден




















