-
ЕДРИЛИЦА НА ЕТИКЕТИ
389 денМарија, разведена четириесет и седумгодишна доцентка по книжевност, во текот на летото ќе престојува во полупразниот стан на нејзината сестра во Чешки Крумлов. Оттаму патува на село за да се грижи за тешко болните родители и во слободно време талка меѓу толпата туристи низ улиците на Крумлов. За време на тие прошетки се запознава со младиот книжар Филип.
-
ЈО537
298 денЈозеф е сосема обично момче. Живее во обична зграда и секој ден се вози со обично метро до обично училиште. Веројатно така би требало да почне описот на приказната за Јозеф, но дали постои обичен живот?
-
КАЛТА ПОСЛАТКА ОД МЕДОТ Гласовите на комунистичка Албанија
520 денВо книжевната репортажа „Калта послатка од медот“, полската авторка Марго (Малгожата) Рејмер нè води зад некогаш запечатените граници на Албанија за време на диктатурата на Енвер Хоџа. Преку вистински приказни и гласови на обични луѓе, таа создава мозаик од сеќавања, болка и човечка издржливост.
-
КРАЈОТ НА СВЕТОТ НАВОДНО НЕ СЕ СЛУЧИЛ
398 денОуржедник проникнува во слабата конструкција на нашето време и енергично ги одвртува завртките. Во 111 поглавја на читателите им нуди прошетка по една цивилизација.
-
Македонска зоонимска фразеологија во словенски контекст
800 денОвој труд е резултат на повеќегодишниот интерес на Велјановска и Мирчевска-Бошева насочен кон темата на зоонимите како составна компонента во фразеолошките единици, тема која досега не е подетално обработена во македонскиот јазик. Оваа монографија содржи теоретски разработки на одделни сегменти од зоонимската фразеологија.
-
МАПАТА НА АНА
239 денЗбирката раскази Мапата на Ана содржи десет текстови што заемно се преплетуваат. Нивните јунаци се појавуваат и исчезнуваат, ги гледаме од различни перспективи со очите на другите ликови.
-
МОНА
319 денТаа е медицинска сестра, а тој сè уште е скоро дете. Се среќаваат на урнатините на своите животи, на урнатините на стариот свет, на урнатините на една болница, во која продира новиот свет исто како нишките на ползавците од плевелот. Веројатно, подобро нема ни да биде. Но, што ако не е така? Ако сепак биде подобро?
-
НАЈЛОШИТЕ СТРАВОВИ
385 денДетективката Марија Бувова по своето заминување од полицијата ја прифаќа понудата на Универзитетот во Оломоуц да предава Практична криминологија. Но, ниту мирната академска работа не може да ја оттргне од контактот со криминалот; таа заедно со своите поранешни колеги води нова истрага.
-
НАРОДНА АВЕНИЈА
398 денГлавниот јунак, со прекар Вандам, ја раскажува приказната за своите животни борби – со градот, со блиското минато и со семејните демони. Инспирирана од вистински настани, ова е приказна која ќе ве погоди директно во срцето.
-
НЕШТАТА ЗА КОИ ДОЈДЕ ВРЕМЕ
438 денЖивотот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме.
-
НИКОЈ НЕ Е САМ
459 денНов роман на Петра Соукупова за тишините во семејството, за зборовите што ги премолчуваме и за секојдневието во кое понекогаш се губиме. Искрена и суптилна приказна – огледало на современиот живот и односите што нè обликуваат.
-
НОВ ЖИВОТ. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција
459 денДионисиос Стурис во својата книга им оддава почест на бегалците од Грчката граѓанска војна во 1948 г. преку сведоштвата на Грците и на Македонците од Егејска Македонија, но и преку сопствените истражувања на таа тема.
-
НУЛОРОГ
398 денИнспекторот Либор Лавабо решава навидум лесен случај на дванаесет изгорени носорожици. Но, во потрагата постепено се вплеткува и тајниот дневник на Ј. В. Гете, борбата меѓу заговорничките организации „Нептунија“ и „Плутонија“ за тоа која ќе владее со светот, како и лудата натпоручничка Марханова.
-
ОСТАНЕТЕ СО НАС
239 денЗбирката од осум раскази Останете со нас на познатиот чешки писател, добитник на наградата Јиржи Ортен, Марек Шинделка, има карактер и вредност на одредена средба. Тоа е средба со некомпромисен текст, што успева да фасцинира и да одврати.
-
ПЕТ МРТВИ КУЧИЊА
459 денВо новиот криминалистички роман, инспекторката Марија Бувова – „Големата Бувица“ и нејзиниот тим тргнуваат по трагите на маскирана банда што киднапира три мечки од зоолошката градина во Оломоуц. Истовремено, младата полицајка Кристина Хорова наидува на морничава сцена во шумата и влегува во мрачниот свет на илегални борби со кучиња. Двата случаи се испреплетуваат во напната приказна каде што ништо не е како што изгледа – и секоја вистина може да има своја цена.
-
ПРЕД ДА ПУКНЕ
398 денРоманот составен од приказни е хроника за разминувањата кои се одвиваат во тек на седумдесет години. Книгата во концентрирана форма проучува како, навидум, сосема неважни одлуки на некои луѓе влијаат врз животите на другите луѓе и како сосема незначајна случка може да погоди некого, за кого не можеме ни да претпоставиме. Секој од главните ликови раскажува од сопствена перспектива и секој од нив се труди да ја најде смислата на сопствениот живот.
-
Предизвици и перспективи на деловните модели на банките
1,000 денВо услови на значајна промена на финансиските пазари и опкружувањето, анализата на деловните модели на банките претставува битна алатка за подо-бро разбирање на ризиците на кои се изложени банките во нивното работење. Определувањето на деловните линии и активности, како и на деловните цели претставува појдовна премиса, а компетентноста и успешноста при раково-дењето со банките може да биде фактор кој ќе генерира компаративна предност. Според тоа, ова подрачје заслужува посебно внимание, со што се наметна како главен мотив за проучување на оваа проблематика во рамки на мојата докторска дисертација.
-
РУСИЈА ОД СТРАНА НА КУЈНАТА. Како да се изгради империја со нож, црпалка и виљушка
499 ден„Русија од страна на кујната“ е книжевна репортажа, во која авторот, Витолд Шабловски, во потрага по рецептите од руската кујна, ја прикажува руската историја од времето на царското семејство Романови до владеењето на Владимир Путин.
-
СИТЕ ДЕЦА НА ЛУИ
419 денДа се добие дете понекогаш е долгоочекуван или неостварен сон. Дали медицината го нарушува природниот поредок или само им помага на луѓето да ја постигнат својата цел? Дали мајките што се решаваат на непознат донатор мислат на тоа дека детето некогаш може да го побара својот татко? Дали е донаторот татко?




















